Производство
Производството се одвива на површина од 6400 м2, со комплетно нов опремен машински парк, кој постојано се обновува со посовремени машини во интерес на зголемување на продуктивноста од работењето. За покомплетна изработка на готовите производи располагаме со специјални машини за паспулирани џебови, за програмирани цик-цак убоди, АМФ- штепови, итн.
Како дел од специјалната опрема се и машините за везење, со капацитет од 40 везачки глави, како и CAD-системот кои им стојат на располагање на нашите комитенти.
Има вкупно 300 вработени во постојан работен однос, кои работат во 11 производни линии и произведуваат 500.000 конфекциски производи годишно. |
|